ОСИГУРУВАЊЕ НА ИМОТ
Вашиот целокупен недвижен имот, домаќинство има трајна вредност. За да ја добие таа трајна вредност Вие во него имате вложено многу труд и финансиски средства. За да се заштитиме од несакани трошоци на кои би биле изложени доколку се случи нешто несакано, осигурителната полиса за осигурување на имот е вистинската одлука која би ја донеле. На тој начин најлесно и најбрзо ќе направиме се да биде како што било претходно.
Во зависност од Вашите желби и потреби Ви нудиме повеќе видови пакети на осигурување на целиот Ваш движен и недвижен имот. Влогот во ваков вид осигурување е незначителен во однос на штетата која може да не затекне.