Компанијата ВИА КОМЕРЦ располага со најсовремено опремена Станица за технички преглед на возила, во која едноставно и брзо, на едно место ќе ги завршите сите неопходни формалности за регистрирање на Вашето возило и секако по најниски цени. Во рамките на Станицата за технички преглед на возила работи и шалтер на МВР. Ви останува само да дојдете и Вашето возило за час ќе биде регистрирано.

ВИА БРОКЕР – ВАШ ЛИЧЕН БРОКЕР ВО ОСИГУРУВАЊЕТО

ВИА БРОКЕР е професионален посредник за осигурување за сите видови на животно и неживотно осигурување. Нашата дејност е посредување во осигурувањето, односно сите оние активности поврзани со поврзување на осигуреникот со осигурителните компании. За потребите на нашите клиенти имаме договор за застапување со сите наши реномирани компании за осигурување, што Ви дава можност да побарате понуда од повеќе осигурителни компании и со помош и совет на нашите брокерски експерти кои имаат богато професионално искуство во осигурителната дејност донесете најдобра одлука за Вашето осигурување. Ви стоиме на располагање во секое време за Вашите потреби.
Осигурително-брокерската компанија ВИА БРОКЕР е формирана и започна со работа на 07.02.2014 година. Фирмата е со седиште на ул. 1721 бр. 29, Сарај, 1000 Скопје
ВИА БРОКЕР е формирано согласно Законот за супервизија во осигурувањето.

Производи во чија продажба ВИА БРОКЕР посредува:

    • Осигурување од автоодговорност
    • Каско осигурување
    • Зелен картон
    • Осигурување на патници во јавен превоз
    • Патничко осигурување
    • Осигурување на домаќинство
    • Осигурување на имот
    • Осигурување од незгода при работа

Не ризикувајте, осигурајте се, повикајте го ВИА БРОКЕР – Вашиот личен брокер

 

Со надеж за идна успешна деловна соработка, најсрдечно Ве поздравуваме

 albsig   sava logo    winner  
JSN Nuru template designed by JoomlaShine.com