ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА
ВИА БРОКЕР ви обезбедува за Вас по најповолни услови договори за осигурување со сите реномирани компании на пазарот на Република Македонија.
Ви нудиме комплетна услуга за осигурување на Вашето возило:
 
АВТООДГОВОРНОСТ
Задолжително осигурување на сопственикот на моторното возило од одговорност за штета која би настанала кон трети лица при употреба на возилото. Ова осигурување е со закон пропишано и без него не можете да го регистрирате своето возило.
Со полисата за автоодговорност, компаијата кај која сте осигурани ќе ги покрие трошоците за штета која Вие би ја направиле со своето возило кон трето лице и со тоа ќе избегнете финансиска штета. Доколку Вашето возило нема полиса за автоодговорност и Вие нанесете со возилото штета на трето лице - лично Вие ги сносите трошоците за штетата.

Полисата важи за сите штети предизвикани на територијата на Република Македонија.


АВТОМОБИЛСКО КАСКО ОСИГУРУВАЊЕ

Ова осигурување ги покрива трошоците за различни видови оштетувања на Вашето возило настанати во земјава и странство. Ова не е задолжително осигурување и спаѓа во доброволно осигурување. Со овој вид осигурување Вие дополнително го заштитувате возилото, односно самите себе од дополнителни трошоци од настанатата штета.

Се покриваат трошоци за штета настанати во сообраќајна незгода, оштетување нанесено при пад или удар од предмети во возилото, елементарни незгоди, пожар, експлозија...
  • Делумно каско осигурување - се осигурувате од ризик од кршење, оштетување или кражба на стакла
  • Основно каско осигурување - се обезбедува сигурност на Вашето возило при различни видови на оштетување кои би настанале во сообраќајна незгода, временски неприлики, пад или удар на предмет или и Вие  кога би предизвикале штета.
  • Потполно каско осигурување - обезбедувате повисок степен на заштита од ризик во случај на кражба на возилото, разбојништво и слично. Се договара заедно со основното каско осигурување.
  • Дополнително каско осигурување - подразбира осигурување на личниот багаж на патниците во возилото и алат за професионална употреба.
На сите совесни и внимателни возачи обезбедуваме додатни бонуси за секоја наредна година.

АВТО НЕЗГОДА

Осигурување на возачот и патниците во возилото, односно на лицата кои се пренесуваат со возилото од последици од сообраќајна незгода.


ЗЕЛЕН КАРТОН
Меѓународна полиса за осигурување на моторното возило со која покривањето на осигурување од автоодговорност се проширува и во странство, односно на териториите на државите кои се членки во Системот на меѓународна карта на осигурување.
Секој сопственик на моторно возило со кое ја поминува државната граница должен е да поседува Зелен картон, со кој компанијата која му го издала истиот е должна на оштетеното лице му ја надокнади штетата која е предизвикана со осигуреното возило.
 

nbo logo

ПРЕМИЈА
ЗА ИЗДАВАЊЕ ЗЕЛЕН КАРТОН 

- Патнички возила до 66 KW
- до 66 KW за еден месец

   3.690 ден.
   1.850 ден.

- Патнички возила над 66 KW
- над 66 KW за еден месец
   5.536 ден.
   3.075 ден.
- Влечни возила,
специјални возила,
моторцикли, приклучни
возила и работни возила

 

 

   5.536 ден.

- Товарни возила и автобуси  17.222 ден.
 albsig   sava logo    winner  
JSN Nuru template designed by JoomlaShine.com